Најбизарната свршувачка! Машин Ган Кели ја запроси Меган, па открија: „Пиевме крв еден од друг“
На видеото што го објавија се гледа како Кели клечи на едно колено пред Меган додека таа зачудено го гледа.
Актерката Меган Фокс (35) и музичарот Мачин Ган Кели (31) се свршија во романтичен амбиент по година и пол врска.
Атрактивната бринета, по која воздивнуваат многу обожаватели, на социјалните мрежи објави интимно видео на кое се гледа како музичарот ја прашува, а таа се согласува.
Актерката под објавата напиша опширен опис во кој истакна дека свршувачката ја прославиле со „пиење крв еден од друг“.
На видеото што го објавија се гледа како Кели клечи на едно колено пред Меган, додека таа зачудено го гледа. Набргу потоа и таа клекна на колена, а потоа кимна потврдно, а тој и стави веренички прстен на раката.
– Во јули 2020 година седевме под ова дрво. Баравме магија. Бевме свесни за болката со која ќе се соочиме во толку краток, избезумен временски период – започна таа во описот под објавата.
– Несвесни за работата и жртвите што ги бараше од нас, се опивме од љубов. И карма. Година и пол откако заедно минавме низ пеколот и се смеевме повеќе отколку што мислев дека е можно, тој ме праша дали сакам да се омажам за него. И како и во секој живот пред овој, и како и во секој живот што следи, му реков „да“ – напишала Меган, па додала:
– И тогаш си ја испивме крвта.