Популарните македонски пејачки Елена Велевска и Сузана Гавазова оваа сабота во 20 часот на Сателитска македонска “ИН-Телевизија“ ќе имаат заеднички он лајн настап.
Иако јавноста со години „ја тресат“ трачеви дека двете фолкерки се скарани, овој заеднички настап е вистински демант за тоа.
Останува да го следиме нивниот заеднички настап на социјалните мрежи и да уживаме во едни од „најжешките“ пејачки на македонската фолк сцена.