(Видео) Мелани Тарчуловска се отвори: На училиште ме прашуваа дали татко ми ја фрлил мајка ми од тераса

Ќерката на Јохан и Соња Тарчуловски – Мелани Тарчуловска во шоуто на Давид Давидовски проговори за тешкиот период од својот живот низ кој минувала.

„Додека Јохан е во затвор, твојот брат е направен во Хаг“, во еден момент вели водителот Давид, а Мелани го потврдува тоа како точно и додава дека од љубовта на нејзините родители произлегло уште нешто убаво.

„Тоа е мојот помал брат“, вели Мелани.

Водителот говореше и за шпекулациите кои долго време кружеа во јавноста, дека Јохан наводно ја фрлил нејзината мајка Соња од тераса.

„За жал, толку пишуваа медиумите и тоа се зборуваше многу долго, дека Јохан ја фрлил твојата мајка од тераса“, вели водителот, а Мелани одговара:

„Тоа се најголемите глупости што јас некогаш ги имам чуено во животот. Човекот во тој момент не беше дома. Но, јас бев, тоа беше несреќа. Сега ви е смешно, но сакам да напомнам дека тоа се најголемите предрасуди кои јас некогаш сум ги имала за мојата фамилија“.

Инаку, Мелани констатираше и дека како дете тешко се справувала со прашањата и коментарите од околината во врска со нејзиното семејство.

Изјави дека ѝ било многу тешко да оди на училиште, а другарките постојано ја прашувале дали мајка ѝ и татко ѝ се степале и дали тој ја фрлил од тераса.

Инаку, Мелани е пејачка, а минатото лето ја објави песната „Шах-мат“ која е нејзина четврта авторска песна.

„Шах-мат зборува за луѓето кои се враќаат кога е веќе доцна и за оние со повеќе лица. Песната не е посветена на некој конкретен туку е реализација на идеја што долго ја носам во себе – младинска порака дека животот е прекраток за озборувања и негативност. Време е ние некогаш да кажеме доста е или едноставно шах-мат“, изјави Млеани за својата песна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e