Марија Шерифовиќ објави ново видео, овој пат од егзотичниот Бали, каде што со нејзините пријателки заминала на заслужен одмор.
Меѓу нив била и нејзината пријателка и колешка Јована Пајиќ, со која Марија уживала во разни авантури.
Во видеото, пејачката споделува бројни интересни и забавни моменти, покажува како го поминувале времето, посетувале знаменитости и уживале во опуштената атмосфера. Сепак, едно искуство особено ги изненадило сите.
Имено, кога Марија собрала храброст да се фотографира со мајмун, се случила неочекувана ситуација – мајмунот ја каснал.
– Штотуку ме касна мајмун, среќа што е стар, и што забите му се тапи – вели Марија.
Иако непријатен, овој настан не ѝ го расипал одморот, а Марија уште еднаш покажа дека може да ги претвори дури и непланираните ситуации во шега и добра приказна за паметење.
