(ВИДЕО) Маргот Роби се соблече за новиот филм, фановите не може да ѝ се изнагледаат

Маргот Роби се соблече за улогата во нејзиниот нов филм Дримленд, а гледачите забележуваат дека не можат да и се изнагледаат.

„Дримленд“ што неодамна започна да се прикажува на „Амазон премиер“, се снимал минатата година, а главната улога во неа ја игра 30-годишна австралиска суперѕвезда, која во драмата ја игра разбојничката на банка Алисон Велс.

Откако се повреди во грабеж на банка, Алисон открива наивен тинејџер Јуџин Еванс (Фин Кол од Пики Блејнерс) во шталата на нејзиното семејство. Тој веднаш се вљубува во неа и одлучува да и помогне да избега од законот во Мексико.

Сепак, на патот,безмилосно ги брка полицијата што сака да ја фати Алисон откако таа убила пет лица. Јуџин потоа се наоѓа во ќорсокак и почнува да размислува да ја предаде за парите од потерницата, но во исто време тој се повеќе се вљубува во неа.

Патем, Маргот Роби е доста зафатена и покрај пандемијата. Таа глуми во претстојните филмови Peter Rabbit 2 и The Suicide Squad, а најавен е и нов филм за Harley Quinn. Покрај тоа, таа беше најавена и како Barbie во претстојниот истоимен филм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e