(ВИДЕО) Македонски познати лица во новата кампања на Моден Викенд Скопје

Ѕвездата Јана Бурческа, писателката Ксенија Николова, дизајнерката Стефанија Насеска и ракометарката Викторија Пеовска, сочинуваат мал дел од протагонистите во мултимедијалниот проект, преку кој визуелно се воспева градот домаќин на најголемиот моден настан во метрополата.

Во периодот кога светот е исправен пред најтешкото искушение на денешницата, екипата испраќа охрабрувачки пораки до сограѓаните. Времето на блесок ќе дојде!

Моден Викенд Скопје оствари професионална соработка со сценаристот и режисер Кристијан Шемко, реализирајќи ја кампањата со симболичен назив „It’s time to Shine“, во рамките на дваесет и првата сезона, со која се иницира втората декада од постоењето на манифестацијата. На крајот од месец февруари беа снимени видео портрети и едиторијални фотографии со познати македонски личности од сферата на дизајнот, културата, уметноста и спортот, одразувајќи го на автентичен начин ритамот во кој пулсира секој од ликовите.

„Заедно успеавме да го оживееме и прикажеме динамичното секојдневие, модниот дух и вибрацијата на градот Скопје. Целиот тим беше посветен и фокусиран на истата цел – да се направи најдоброто. Секогаш ми е задоволство да работам со мотивирани луѓе, кои инспирираат и создаваат. Сметам дека тука лежи клучот на успехот за секој проект.“, истакнува режисерот и сценарист Кристијан Шемко. Сите индивидуални клипови може да се погледнат на социјалните мрежи Instagram и Facebook, или, пак, на официјалниот YouTube канал на МВСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e