(ВИДЕО) Маја Беровиќ со танц против коронавирусот

Српската пејачка Маја Беровиќ е уште една од јавните личности која ги слуша советите на здравствените организации и превентивно се наоѓа во самоизолација за време на пандемијата на коронавирусот.

Додека престојува во својот дом таа одлучила да ги забавува своите фанови, и да им прати важна порака и да биде пример кој другите ќе го следат.

Маја Беровиќ со танц испрати порака до сите.

-Како вие го поминувате времето во изолација? Ја се одлучив за позитивни вибрации, што ви го посакувам и вам. Да ги почитуваме препораките на здравствените организации! Да останеме во домовите за да се заштитиме првенствено себе и своите најмили. Уживајте во филмовите, музиката или нешто трето. Јас секогаш одбирам музика. Ве љубам и се гледаме на концерти кога се ова ќе помине, а до тогаш бидете одговорни кон себе и чувајте се, порача Маја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e