(ВИДЕО) Љупка Митрова се сопна на снимањето на промо видео

Македонската љубовна двојка Дарко – Спејко и Љупка Митрова важат за едни од најекспонираните и најбарани модни инфлуенсери кај нас. Кумановско – струмичката љубовна комбинација не само што е интересна заради својата љубовна приказна која отворено ја експонираат во јавноста, туку и заради она што како такви, но и секој посебно се магнет за многу фирми и нивните брендови кога е рекламирањето на социјалните мрежи во прашање.

Затоа обајцата заедно, но и секој одделно ги преплавуваат своите профили со нови фотографии и видеа.

Последно е видото со зимската приказна на осамената убавица – Љупка! Атрактивната струмичанка, дотерана како и секогаш на високи потпеци и тиркизна бунда се шета низ градскиот парк во Скопје. Чекор по чекор, заносен поглед и кадри од природната убавина… и на Љупка и на есенско-зимската идила на природата во паркот.

Режисерот Дарко Митев, познат по последното видео на Викторија Лоба и Марга Сол -“Над Небото” (и англиска верзија “Feel It“), својски се потрудил да го долови моменто… и успеал! Особено впечатлив е крајот!

Во последниот кадар од видеото модната блогерка e со кренати нозе, извадени низ прозорецот од џипот, во официјалниот дел од снимањето.

А во оној неофицијалниот… Љупка Митрова одново со „кренати нозе“… Модната инфлуенсерка падна! Не, не падна во ничија прегратка, туку буквално се сопна од работ на патеката по која чекореше со високите потпетици и падна!

А режисерот Митев имаше доблест тој комичен детал да го вметне на крајот од објавеното видео како смешен детал од снимањето, кој за среќа не заврши со лонгета на ногата на сексапилната струмичанка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e