Најпознатата македонска водителка Лила Филиповска изгледа дека има нова љубов, а тоа е манекенството. Лила во стариот дел од Градскиот парк на патеката наменета за трчање ги покажа своите манекенски способности.
Таа парадираше на патеката како на модна писта претставувајќи неколку различни комбинации за зимскиот стајлинг.
Лила во објавата на видеото на Инстаграм ги запраша своите следбеници кој стајлинг најмногу им се допаднал, а одговорите беа различни.
Во многу од коментарите пристигнаа и пофалби за нејзиниот изглед. Погледнете како изгледаше тоа…