Македонската водителка Лила Филиповска постојано споделува фотографии од својот секојдневен живот, но во последно време можеме да забележиме дека таа всушност ни ја пренесува својата љубов кон животните.
Лила откако пред некој ден јаваше коњ , овој пат реши да ја посети Зоолошката градина во Скопје.
Таа освен што сподели неколку фотографии од животните во Зоолошката градина исто така сподели и видео со кое ги изненади своите фанови.
На видеото може да се види како Лила ги храни слоновите Дуња и Даела.
Иако ова е несекојдневно за неа сепак таа е воодушевена од слоновите.