Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша пред неколку дена отпатува во Дубаи каде се одмори со ќерките, а вчера настапи на мала сцена пред бројните обожаватели.
Имено, дивата имаше закажан настап, а како што вообичаено се случува, местата беа пополнети до последно.
Јелена за оваа пригода избра минијатурен розов костим, додека на рацете и главата имаше додатоци од пердуви.
Карлеуша и нејзините играчи направија атмосфера за паметење, а не е чудно што фановите цело време го снимаа нејзиниот настап.
И покрај драмата што се случи во нејзиниот дом на Божиќ, кога наводно сопругот и удрил шлаканица, поради што повикала полиција, а потоа Тошиќ го негирал инцидентот, Јелена како вистински професионалец се појавила во полн сјај на сцената.