(ВИДЕО) Карлеуша ја покажа празничната магија во својот дом: Нежни бои, елка како од бајка, подароци…

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша ги покажа деталите за новогодишната елка во нејзиниот семеен дом и ги воодушеви сите со магична глетка.

Познато е дека пејачката секоја година се труди својот дом да изгледа посебно за празниците и многу да се забавува со украсувањето, па така и овој пат.

Карлеуша на својот Инстаграм профил објави фотографија од елка на која доминираат нежни тонови, украсена со разни украси, кадифени играчки и посебни детали.

Под елката има неколку подароци, завиткани во светкава украсна хартија со машничка, кои одлично се вклопуваат како украс, а можеби и новогодишни подароци за членовите на семејството.

„Оние кои не веруваат во магија никогаш нема да ја најдат“, напишала Јелена во описот на видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e