Вчеравечер се случи белградската премиера на долгоочекуваниот филм „Недела“ („Недеља“), кој го раскажува животот и делото на српскиот пејач Џеј Рамадановски.
Голем број регионални ѕвезди присуствуваа на премиерната проекција во киното Синеплекс, а меѓу првите кои пристигнаа беа главните актери – Хусеин Алијевиќ – Хуса, кој ја игра улогата на возрасниот Џеј Рамадановски и малиот актер Ален Селим, кој го портретира пејачот во детските денови
Исто така, меѓу најважните гости беа ќерките на Рамадановски, Марија и Ана, кои дојдоа со своите сопрузи.
Сепак, најголемо внимание на црвениот тепих привлече најголемата српска ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца, која пристигна со ќерка ѝ Анастасија Ражнатовиќ – Гудељ. Инаку, Цеца неодамна ја промовираше песната „За крај“, која е дел од саундтракот за филмот.
Покрај нив, на премиерата пристигнаа Драган Бјелогрлиќ, Драган Петровиќ – Пеле, Теа Таировиќ, Радиша Трајковиќ – Ѓани, како и бројни други познати личности, како и членови на семејството на покојниот пејач.