Јелена и Новак Ѓоковиќ во екот на коронавирусот се огласија на социјалните мрежи и ги воодушевија своите фанови.
Брачниот пар Ѓоковиќ неделата вечерта ја искористи за на фановите да им соопшти новитети – дека покренуваат нов предизвик кој сами го смилиле за времетраењето на пандемијата коронавирус.
Прегрнати во својот дом, Јелена и Новак извеле нешто после што следбениците на социјалните мрежи можеле само да ракоплескаат.
„Среќен Велигден на сите кои го слават. Во исчекување на православниот Велигден, Јелена и јас само одлучивме да ве повикаме да пробате Јога акробација во пар со партнерот, детето, родителите или со кој и да го поминувате времето. Малку домашна активност нема да шкоди. А, веруваме дека ќе ви биде забавно“, порачале Јелена и Ноле.