(ВИДЕО) Хит во најава, Слушнете ја најновата песна на Бенд 18+ и Жаре Бербер

Добро познатиот и омилен музички Бенд 18+ и популарниот Жаре Бербер го објавија својот најнов сингл.

Новата песна носи наслов „Циганко мала“, на која како автор на текстот и музиката се потпишува Горан Јовановиќ – Топче, додека аранажманот е на Бобан Василевски од групата „Нон Стоп“. Песната е снимена во студиото „Speed Limit“.

За новата песна бендот и Жаре снимија видеоспот на кој може да му подзавидат многу колеги од македонската естрада, па дури и од соседството.

Песната е со оригинален назив „Циганко мала“ , а познатите шоумени порачуваат „на првиот рефрен ќе ја слушате, на вториот веќе ќе ја пеете! Ви ветуваме!“, а ние не се ни сомневаме во тоа имајќи в предвид дека станува збор за искусни и веќе докажани таленти на македонската музичка сцена.

Во спотот може да се забележат илјадници денари, но се разбира, тоа се специјално направени за снимањето и истите се соодветно уништени.

Ова е втора песна на музичкиот состав, откако пред година и половина ја промовираа „Понекад“.

Погледнете го видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e