Водителката и најпозната инфлуенсерка Лила Филиповска на својот Инстаграм профил сподели видео со својата мака, а во описот на видеото напиша дека омилените разговори и се токму со Рагнар, нејзината мачка.
„Кој има мачка ќе ме разбере , кој нема ќе рече сум се шлакнала ама сеедно разговорите со мојот мачор Рагнар ми се омилени. Да се разбереме…. тој инаку сѐ разбира само не го интересира ништо особено команди. Затоа викаат мачка не можеш да поседуваш а баш тоа па и ми се допаѓа кај нив. Секој сопственик на мачка знае дека не е сопственик на својата мачка. Љубовта е љубов без разлика кому му ја пружаш“, напиша Лила.