(ВИДЕО) Еве кој ќе ја претставува Северна Македонија на Евровизија 2022

Сношти во емисијата „Стисни плеј“ се емитуваше специјално издание во кое се избираше македонскиот претставник за Евровизија 2022.

Во трка беа шест кандидати, меѓу кои – Виктор Апостоловски, Калина Велковска, Лара Иванова, Јон Ајди, Ris Flower и Андреа Коевска.

Со најголем број гласови од стручното жири, покрај гласовите од онлајн гласањето, Андреа официјално е нашиот овогодишен претставник на Евровизија.

Андреа ќе се претстави со песната „Circles“, дело на Александар Масевски.

Кратко по прогласувањето на победата, Андреа се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за сета поддршка што ја добива изминативе две недели и признава дека оваа шанса за неа е голема одговорност.

„Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција. Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“, напиша нашата овогодишна претставничка за избор на Песна на Евровизија.
„Патувај во Торино и биди и таму прекрасна“, „Честитки Андреа“, „Браво“, „Знаев… Многу се разликуваше од другите. Браво и среќно“, „Заслужено“, „Ептен со кеиф ќе се гледа Евросонг годинава“, се само дел од многубројните коментари од нејзините следбеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e