Ким Кардашијан беше една од посетителите на модната недела во Париз одржана неодамна и одлучи да го привлече вниманието во комплет изработен од латекс.
Се работи за панталони, горен дел и палто, креација со потпис на модниот бренд „Балман“.
Кардашијан сподели со публиката колку било комплицирано облекувањето на ваков комплет.
Покрај тоа што едвај успева да ги навлече панталоните, таа коментира дека латексот толку стега, што чувствува дека кожата ја боли.
Не е првпат Ким да трпи за убавина.