(ВИДЕО) Ен Хатавеј е во главната улога во првиот игран филм за пандемијата

Во време кога пандемијата на коронавирус сè уште трае, доаѓа нов филм со оваа тематика, што може да се види од самиот наслов, „Заклучување “ со оскаровката Ен Хатавеј во главната улога.
По неодамнешното раскинување, Линда (Ен Хатавеј) и Пакстон (Чиветел Еџиофор) се наоѓаат на несреќна раскрсница кога задолжителното заклучување во Лондон ги ​​принудува да останат под ист покрив.

Додека новите одговорности ја оставаат успешната директорка за маркетинг Линда разочарана од корпоративниот свет, Пакстон, креативец со криминално минато, е на одмор.

Поттикнати од поезија и обилно количество вино, нивните напори за мирен соживот ќе им помогнат повторно да ги откријат слободните духови какви што некогаш биле – и да се опијат од неочекуваната можност за кражба на накит.

Паметен, секси и изненадувачки, „Заклучување“ ги следи Линда и Пакстон додека се коцкаат за шанса да ги променат своите животи засекогаш.

– Тоа беше возбудливо искуство. Некои луѓе кои се наоѓаа во карантин, повторно почнаа да пушат, некои почнаа да пијат на ручек, а ние само ги собравме сите тие чувства и снимивме филм за тоа – рече Хатавеј претходно во емисијата „ Late Night With Seth Meyers “, како што објави Холивуд репортер.

Таа додаде дека снимањето на овој филм имало катарзичен ефект врз неа бидејќи заклучувањето навистина и било тешко.

– Толку пати во првите денови на заклучувањето морав свесно да се релаксирам, да ги извадам сите лоши работи од себе, но не сакав да ги плашам моите деца, затоа често врескав во перницата – рекла актерката.

Заедно со Ен Хатавеј и Чиветел Еџиофор, во филмот играат уште Стивен Мерчант, Минди Калинг, Луси Бојтон, Дале Хил, Џазмин Симон, Бен Стилер и Бен Кингсли. Во режија на Даг Лиман и сценарио на Стивен Најт, продуценти на филмот се П.Ј. ван Сандвијк, Алисон Винтер. Филмот „In Lockdown“ премиерно ќе биде прикажан на 5 февруари на HBO GO, а на каналот HBO на 7 март во 21 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e