(ВИДЕО) Џокси и хорот „Мирче Ацев“ од дома ја преработија легендарната „На Велигден“

Велигден не би бил Велигден доколку не ја слушнеме легендарната песна која ја одбележа кариерата на фантастичниот Џокси. И додека сите се шегуваа дека оваа година поради состојбата која владее во светот и кај нас, Џокси „нема да може да се заљуби“ бидејќи ќе мора да остане дома, тој не изненади со фантастично видео кое ќе ви го разубави денот и празникот.

Имено, пејачот заедно со академскиот хор „Мирче Ацев“ од дома ја преработија легендарната песна и на сите им пренесоа моќна порака. Болеста не може да не скрши, музиката сеуште не соединува.

Кој вели дека и од дома не можеме да го прославиме најголемиот христијански празник Велигден? Џокси и целиот тим кој стои позади ова прекрасно видео е доказ дека и во вакви тешки времиња позитивниот дух можеме да го држиме на високо!

Секоја чест за идејата и останете дома!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e