(ВИДЕО) Џенифер Лопез без ниту грам шминка на себе, фановите со поделени мислења

Џенифер Лопез најчесто ја гледаме целосно средена од глава до пети. Тоа не беше случај и овојпат бидејќи таа реши да сподели видео на кое таа е без грам шминка на себе.

Имено, таа снимила видео во кое се појавила во потполно опуштено и природно издание, по што веднаш започнала лавина од коментари.

Но како и секогат така и сега публиката е со поделени мислења. Додека едни ја фалат поради храброста да се појави во потполно природно издание пред милиони, други велат дека воопшто не личи на личноста од Инстаграм, дека не можат да ја препознаат и дека нејзините години, сепак, се познаваат.

„Таа толку ги обработува своите фотографии што тоа сега стана смешно. Разликата е очигледна.“

Од друга страна, имало и позитивни коментари:

„Секако изгледа прекрасно“, „Жената има повеќе од 50 години и изгледа подобро од повеќето девојки со и без шминка“, „Вака изгледа една негувана жена, секоја чест.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e