(ВИДЕО) Дац, Митевски и Бојана Скендеровски им посветија песна на хероите на нашето секојдневие!

-Како што ви најавивме во петокот, со Дац ќе Ви направиме музичко изненадување. Одиме LIVE од студио Скендеровски, а наш домаќин ќе биде Бојана Скендеровска. #СЕДИДОМА и “ќе ви дојдеме на гости” на една убава СЕДЕНКА. Ќе музицираме, ќе ве едуцираме и ќе муабетиме. 20:00 на нашата FB страна, порача Митевски.

Линк за седенката – ТУКА.

Инаку, Подарок за сите наши херои на денешнината. Докторите, сите медицински лица, полицијата, Армијата, Црвениот крст, инситутите и институциите, волонтерите..Главата горе, сите заедно ќе ја пребродиме и оваа бура. Да им дадеме крилја..Се гледаме вечер во 20:00 часот на стриминг..

Музика: Григор Копров, текст: Зафир Хаџиманов Песна на Зафир и Сенка (1982)
Песната и ова видео се посветени на хероите на нашето секојдневие: Докторите и медицинските лица од цела држава, Министерството за здравство, Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и сите здравствени установи, Министерството за внатрешни работи, Армијата, Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, сите волонтери и добронамерници кои секојдневно се во борба против ширењето на корона вирусот. Благодарност до авторите на оваа преубава песна. Да бидеме заедно и да се придржуваме кон препораките – Драган Спасов Дац, Александар Митевски и Бојана Скендеровски!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e