Александар Митевски и Драган Спасов-Дац веќе некое време ги разгалуваат почитувачите на македонска музика со необични композиции.
После „Уште ми фалиш“, „Цреши охридски“, „Љуби ме“ на нивната верна публика и ја претставија „Хипноза за една љубов“, нова балада со прекрасен текст.
Станува збор за насловната нумера од претставата “Хипноза на една љубов” на текст на Душан Ковачевиќ – Драмски Театар Скопје 2020. Во претставата играат : Драган Спасов Дац, Маја Вељковиќ, Соња Стамболџиоска, Ѓокица Лукаревски, Димитрија Доксевски и Филип Трајковиќ
Музика : Александар Митевски
Текст: Александар Митевски
Аранжман и продукција : Иле Спасeв