Новогодишните и Божиќните празници се ближат, а на тоа не потсети и новата реклама на компанијата Coca-Cola која оваа година ни претстави нешто поинакво, мотивирачко и моќно.
Компанијата слави 100 години од првата божиќна реклама, но овојпат со нова кампања која испраќа важна порака до сите и ги охрабрува луѓето да бидат поприсутни во кругот на семејството за празниците кои доаѓаат.
Во рекламата за оваа година, гледаме татко како излегува од дома за да отиде да работи на ветерница среде море. Пред да замине, неговата ќерка му дава писмо за Дедо Мраз, но тој заборава да го испрати по пошта. Кога таткото сфати што направи, решава да стори сé за своето дете, апсолутно сé!
Крајот на рекламата растажи многу луѓе и покажа дека духот на Божиќ е токму во семејството.
„Овој Божик подарете нешто кое само вие можете да го дадете“ е овогодишното мото на Coca-Cola.