(ВИДЕО) Цеца замина среде емисија, следеше жестока караница меѓу Карлеуша и Анастасија Ражнатовиќ

Јелена Карлеуша објави подолга порака по гостувањето на Цеца Ражнатовиќ во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк, во која Цеца остро вербално се судри со политичарот Чедомир Јовановиќ.

Како што истакна, на тоа чекала 17 години, а ја интересираше – зошто таа била уапсена. Таа спомена дека нејзините деца поминале низ голгота, и дека, кога биле мали, полицијата им вперила пушки во глава, и дека интервентната полиција постојано ги запирала.

Анастасија Ражнатовиќ веднаш потоа се огласи на Инстаграм.

– Замислете, имате само четири години и четири пушки ќе ви бидат вперени во глава додека отворате очи наутро и додека се будите. Ќе ги замолам квази политичарите да не им се извинуваат за своите деца како страдаат поради некакви наслови во весниците, зошто јас, како некој кој имал четири години, не ни стигнав да ги видам тие наслови, туку само цевките од вашите пушки вперени во мојата слепоочница и мислам дека тоа беше доволно за да бидам апсолутно истрауматизирана – напиша Анастасија и додаде:

– Мислам дека вашите деца сосема добро поминаа. А нашите последици од голготата која ја поминавме, тоа не е важно, нели? Тоа што не глумевте жртви и не се вадевме на насилството кое го доживеавме на четири и шест години, не значи дека не се случило. Срам да ви е! Тие солзи кои сега ги пуштате ние ги леевме како море. Срам да ви е.

По гостувањето на Цеца и објавата на Анастасија, Јелена напиша дека застанува на страната на полицијата, и дека Цеца требало да им објасни на децата „зошто треба засекогаш да молчат“.

– Се додека осудени криминалци во оваа земја си даваат себе за право полицијата и државата која ги апси за кривични дела ја нарекуваат „срамота и малтретирање“(?!), оваа земја ќе биде за потсмев. Гледам дека Светлана Ражнатовиќ својата ќерка многу убаво ја научила да лаже и да зборува како полицајците ѝ држеле 4 пушки вперени во глава кога имала 4 години?!?! Багро, полицијата не ги нишани децата, но затоа тато Аркан нишанеше и старо и младо, продолжи таа.
Инаку во студио на ТВ Пинк, каде што сопственикот на телевизијата Жељко Митровиќ се појавува како гостин, заедно со Цеца Ражњатовиќ и Чеда Јовановиќ , после сериозна кавга и сериозни обвинувања од сите страни, Цеца го напушта студиото и емисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e