(ВИДЕО) Били Ајлиш се соблече на бина

18-годишната Били Ајлиш ја започнала турнејата со концерт во Мајами, а пред да почне настапот, на големите паноа била пуштена снимка на која се соблекува.

На снимката која се појавила на социјалните мрежи се слуша како Ајлиш вели: “Некои мразат како се облекувам, на некои им се допаѓа. Ако носам нешто комфорно, тогаш не сум жена, ако се соблечам, тогаш сум ку*ва”.

Дебитантскиот студиски албум на оваа американска ѕвезда бил најпродаван албум во 2019-та година. Освоила пет Греми награди, односно за Најдобар нов изведувач, Најдобар поп вокален албум, Песна на годината и Најдобар сингл на годината, но и Албум на годината.

Исто така, оваа година станала најмлада уметничка која ја снимила тематската песна за филм за Џејмс Бонд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e