(ВИДЕО) „Бадникови поворки“ со нов спот за Божиќната песна!

Традиционално, и овој Бадник, Здружението „Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ.
Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. Најголема благодарност упатуваме до Еписокопот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим, во текот на целиот процес на создавање на делото.- велат од здружението.

Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир.

Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.

Екипата, која со огромна љубов, радост и посветеност го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња, е во состав на:

Режија – Дејан Пројковски

Директор на фотографија – Горан Наумовски

Монтажа и камера оператор – Стојан Стојановски, Кристијана Ангелоска

Продукција – 2С Студио: Јасмина Колоска, Стојан Стојановски

Изведба: „Љубојна“ во соработка со Традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”;

Пејачи: Анастасија Илиевска, Матеј Тушевски и Стојанче Костов;

Инструменталисти: Благојче Трајковски – кларинет, Тимко Чичаковски – канон, Петар Христов – кларинет и византиска лира, Оливер Настовски – ут, Игор Милевски – виолина, Оливер Јосифовски – византиски контрабас, џумбуш, византиска лаута, перкусии, контрабас.

Снимање, миксање и мастеринг: Студио „Подрумот“

Музички инжинер: Ангел Ќосев

Аранжман: Оливер Јосифовски

Учесници: Љубојна, актер – Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e