(ВИДЕО) Адел заигра на шипка во ноќен клуб

Адел во четвртокот навечер се опуштила во лондонскиот ноќен клуб, „Heaven“, после појавувањето во емисијата „Graham Norton Show“.

33-годишната британска пејачка ги шокирала посетителите на клубот кога се залетала на сцената на која имало танцови натпревари во стриптиз.

Пејачката прво со друштвото од ВИП делот ги бодрела натпреварувачките и внимателно ги следела нивните изведби, а потоа и таа одлучила да им се придружи.

Се качила на сцената и играла на шипка додека танчерките во топлес како и сите во клубот гледале во неверување.

Сето тоа го забележале посетителите на клубот, додека танцувала на хитот „It’s Raining Men“ и снимките набрзо почнале да кружат на интернет.

Обожавателите биле шокирани кога ја виделе добитничката на BRIT наградите на сцена.

„Затоа ја сакаме Адел. Икона е и кога е пијана и лудо се забавува“, „Кој би се обложил дека ова би се случило во 2022-ра година“, „Адел е кралица“, се само дел од коментарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e