(ВИДЕО) Адел се враќа на музичката сцена: По 6-годишната пауза, пејачката најави нова песна

Популарната британска пејачка Адел објави дека се враќа на музичката сцена, по 6 години дискографска пауза.

Пејачката на својот Твитер профил објави најава за новиот сингл наречен „Easy On Me“ и со тоа ги израдува бројните фанови ширум планетата.

Во црно-белата снимка, 33-годишната ѕвезда става касета во плејерот во автомобилот кој го вози, додека листовите хартија на кои се испишани ноти излетуваат низ прозорецот. Најавата ја заинтригира јавноста која со нетрпение очекува нови песни од оваа уметница.

Мистеријата околу нејзиното враќање ја поттикнаа и рекламите кои се појавија на билбордите во најголемите светски престолнини, на кои стои само бројот 30, што многумина го поврзаа со наводниот назив на новиот албум на Адел.

За време на музичката пауза, Адел се разведе и изгуби голем број килограми со што целосно се трансформираше, а ваквиот потег нејзините фанови воодушевено го поздравија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e