Убавата Ивана се покажа во напредна бременост – Познатиот актер ќе стане татко

Популарниот актер и црногорската адвокатка, кои се во врска нешто повеќе од две години, со нетрпение го очекуваат своето прво дете, а убавата Ивана ќе роди момче и сега објави селфи во напредната бременост.

Таа позира пред огледалото со стомак до заби, но она што сите ги воодушеви е што се нема здебелено ниту еден килограм вишок, па многумина се прашуваат како успеала да одржи толку добра фигура.

Да потсетиме, Милош на својот Инстаграм се огласи за бременоста на Ивана и ја потврди убавата вест.

-Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците не’ доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, секако ќе ве контактираме – изјави тогаш Биковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e