Турунџиева за навредите кон Атиџе: Ја скршија радоста на жената, но сигурна сум дека ова Атиџе ќе ја направи посилна

Пејачката, писателката и водителката Сузана Турунџиева годинава ја посети Атиџе Муратова а оттогаш започна и нивното пријателство.

Нив ги поврза токму заедничката љубов кон музиката па така заедно уживаат во создавањетп преработки на стари македонски и турски песни.

Деновиве Атиџе е мета на критики и навреди, а на сето тоа Турунџиева не остана мирна па распали на социјалните мрежи.

„И ја скршија радоста на жената 😢😢😢😢
На сите кои што се дрзнале да ја навредуваат и понижуваат Атиџе им посакувам со толку пари колку што живее Атиџе во месецот, и тие со толку да преживуваат… и тоа до крајот на нивниот мизерен живот!😡
Дека јас одамна имам отрпнато и не ме засегаат секакви коментари од несреќни, фрустрирани и нереализирани лоши човечки примероци (па и не ме допира кој што “тресе” по порталите), верувајте навистина не ме допира. Само ме мотивира уште повеќе! Ама дека за една чиста, чесна, искрена и невина скромна душа како Атиџе ќе плукаат, вреѓаат, понижуваат и колнат, немаше никогаш да поверувам😡😡😡😡😡 На Атиџе најдоа да и завидуваат и да ја навредуваат!!! Болна е оваа средина… мнооогу болна! Безнадежно болна!
Да се засрамат сите до еден и да се молат Бог да им прости за сите гревови во кои влегле.А за сите нивни клевети, навреди и нарушување на углед, ќе одговараат соодветно законот!
Сигурна сум дека ова Атиџе ќе ја направи посилна, а јас и натаму ќе бидам до неа, ќе ја заштитувам и ќе и помагам онака како што го правев тоа и досега….“, напиша Сузана на нејзиниот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e