Турунџиева со емотивен статус: Почивај во мир Голема Жено, почивај во мир Кралице

Познатата македонска пејачка и водителка Сузана Турунџиева на својот Инстаграм профил сподели емотивен статус по повод 5-годишнината од прераното заминување на пејачката Есма Реџепова.

„Една принцеза и една кралица
Денес изминуваат 5 години од прераното заминување на големата хуманистка, ненадминливо пеачко чудо, мајка на многу деца кои за жал не ги имаше родено и кралица на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска…
Почивај во мир Голема Жено, почивај во мир Кралице“, напиша Турунџиева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e