Теа Таировиќ за 10 настапи во Америка ќе заработи 150.000 евра

Теа Таировиќ за 10 настапи во Америка ќе заработи 150.000 евра. Пејачката заминала на двонеделна турнеја, која неколку месеци наназад била распродадена, а за само еден настап организаторите морале да платат 15.000 евра.

Таировиќ до сега настапуваше 4 пати, а како што наведува изворот, до крајот септмври ја очекуваат уште 6 настапи.

Теа е на листата на најплатени пејачки во регионот. По концертот на „Ташмајден“ во Белград пред околу 10.000 луѓе, нејзината цена скокнала високо.

„Пред концертот настапот на Теа чинеше 7.000 евра, а сега е 15.000! Исто така, за сите настапи каде натапува, нејзиниот менаџерски тим бара да има авионски карти во бизнис-класа, а тоа дополнително ги зголемува трошоците. И покрај тоа, побарувачката за неа е огромна, бидејќи забавата е загарантирана“ – изјавил извор за српски „Информер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e