Тамара Тодевска се расплака по изведбата на „Proud“ на Златна Бубамара

На 23-та Златна Бубамара на популарноста, Тамара Тодевска освои две награди.

Тодевска се закити со “титула“ пејачка на годината, а доби и награда за хит на годината за песната „Proud“.

Тамара во живо со придружба на два инструменти ја изведе евровизиската песна со која нѝ обезбеди највисок пласман досега.

Публиката ја удостои со силни овации по завршувањето на емотивната изведба на „Proud“, после што Тамара не остана рамнодушна и заплака. Откако ја забележаа колку всушност искрено ја пренесе целата песна, публиката се крена на нозе и “ја награди“ со уште погласен аплауз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e