Тамара со прогноза за добар пласман на Евровизија

Времето брзо поминува, а со тоа, кај и да е, еве го и тој ден Д, 16 мај, кога во Израел на евровизиската сцена ќе пее и претставничката на Северна Македонија, Тамара Тодевска. Околу нејзиниот настап се крева голема фрка, што поради спотот во кој се појавуваат нејзината сестра, нејзината ќерка, нејзините другарки, што поради тоа дека за прв пат нашата земја ќе настапи под новото име. Како и да е, коментари има секакви, а Тамара Тодевска ќе ја претставува државата со песната „Горда“ која ќе ја пее на англиски јазик а според европските обложувалници Тамара е 21ви фаворит за освојување на првото место.

eurovizija-JPG

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e