Венчаницата на Цеца Ражнатовиќ е важно семејно наследство, а освен што во неа блескаше фолк ѕвездата на нејзината свадба, неколку години подоцна и сестрата на Цеца Лидија го облече истиот фустан на нејзината свадба.
Цеца по Лидија оваа традиција и ја предаде на снаата Богдана, иако многумина очекуваа дека следна ќе биде нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ.
Меѓутоа, со оглед на тоа што Анастасија сè уште не стапнала на „лудиот камен“, таа најпрво му ја донесе скапоцената венчаница на Богдана, кога се омажи за Вељко Ражнатовиќ во ноември 2019 година.
Богдана на црковната венчавка го носеше споменатиот фустан, додека за граѓанската венчавка и свадбена веселба се пресоблече во друг фустан, но многумина коментираа дека најубаво изгледала во венчаницата на нејзината свекрва.
Инаку, венчаницата на Ражнатовиќ е преработена за свадбата на Вељко и Богдана, за младите да бидат „по мерка“.
Дали ќе продолжи семејната традиција и дали Анастасија ќе блесне во венчаницата на нејзината мајка кога судбоносното „да“ ќе му го каже на партнерот Џорџ Куљиќ, останува да видиме.