Огњен Врањеш ја продолжува војната со поп дивата Јелена Карлеуша, така што медиумската бура за нивната афера сеуште не стивнува.
Фудбалерот одлучи да и нанесе уште еден удар на српската пејачка, со тоа што неколку дена разгледувал луксузни вили во Дедиње, поточно во соседството на Карлеуша, во обид да се пресели таму.
Всушност, Врањеш не ги заборавил зборовите на Јелена, во средината на скандалот кога таа јавно најави дека тој ќе биде протеран, и одлучи да направи потег кој ќе ја полуди Јелена а можеби и ќе ја натера на преселба.
– Врањеш интензивно се распрашува за вили во Дедиње и од агентите за недвижности бара куќи кои се блиску до домот на Душко и Јелена. Тој секогаш сакаше да има голема куќа во Белград, а по скандалот со ЈК, сфатил дека е дојдено вистинското време и со тоа ќе убие две птици со еден камен – вели добро информиран извор, пишува српски “Ало”.
Сосед: мајката на Душко се пресели кај својата ќерка.
Во Зрењанин, во селото Орлово, се наоѓа семејната куќа на Душко Тошиќ, од која мајката на фудбалерот, Николета, одлучи да замине за кратко време. Отиде да ја види ќерката Катерина во Зрењанин, бидејќи се уште е во лоша состојба поради скандалот.
– Николета е под голем стрес поради бруката на нејзината снаа. Таа кратко се пресели кај својата ќерка во Зрењанин за да и олесни. Само доаѓа да ја посети куќата и веднаш се враќа. Ова е голем хаос за семејството Тошиќ, а нас ни е срам да ја прашаме било што Николета бидејќи нема да и ја спречиме маката. Таа е малку засрамена – вели соседот Петар.
– Огнен само навидум одлучи да ја спушти топката. Сега сака да и покаже на Јелена дека тој нејзе ќе ја избрка, а не таа него! Купувањето куќа во нејзиното соседство ќе биде многу близу до неа, и тоа нејзе ќе ја полуди. Тој сака неговите очи да ја видат Карлеуша нервозна. Тоа буквално ќе ја уништи и ќе и покаже дека е посилен од неа, вели изворот, додавајќи дека пејачката дознала за неговите намери.
– Соседка на Карлеуша која со години ја продава својата куќа ја информирала дека Огњен се интересирал за нејзината вила, а по ова Јелена доживеала нервен слом. – заклучува изворот.