Нашата фолк ѕвезда Елена Велевска моментно е на голема турнеја во Америка. Елена е таму со колегите, а децата и се дома во Охрид и ги чува татко им.
Како што дознаваат медиумите на една нејзина свирка во ресторанот “ Света Богородица“ во Детроит српски милионер и го понудил своето ферари само за да остане во Америка.
Изворите велат дека Елена културно го одбила, му кажала дека е мажена и дека има три деца. Но тој не сакал ни да ја дослуша. И ги тутнал клучевите од скапиот автомобил во раце, и рекол дека ова е подарок за неа, но Велевска нервозна го напуштила локалот. Нејзините колеги сакале да ја ублажат непријатната ситуација и го замолиле гостинот да му испеат некоја негова омилена песна.
Извор: 1ТВ