Српската пејачка Романа уапсена за кражба на средства од банкомати

Српската пејачка Романа П. и агент за продажба на недвижности Филип М. се сомничат дека за време на месеците март и април поставиле уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн, Австралија.

Тие во Австралија престојувале како туристи каде западнале во проблеми со пари пред да смислат план како да ги „наполнат паричниците“, изјави судијата од судот во Бризбен, Пол Смит, пренесува австралискиот портал „9њуз“.

На овој начин двајцата прибрале банкарски податоци од 35 лица. Филип М. ја признал вината по 18 точки од обвинението, Романа П. за 16 точки и тие, покрај тоа што ќе треба да ги вратат парите, ќе мораат и во затвор. Филип М. ќе треба да „одлежи“ 14 месеци, додека Романа П. 12 месеци, односно ќе биде пуштена условно после три месеци.

Филип со недели ги надгледувал банкоматите па потоа со маска на лицето поставувал на нив уреди кои изгледаат како оригинални делови на банкоматот.

Камерата која ја поставувале над банкоматот снимале звук и видео и на тој начин ги собирале податоците на корисникот, состојбата со парите како и ПИН-от.

Па така кога корисникот ќе ја уфрли картичката со помош на магнетен читач се дознава бројот на картичката а со камерата по движењето на раката гледаат и кој е ПИН-от.Потоа Романа и Филип правеле дупликат картички со кои плаќале и подигале готовина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e