Mакедонската водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска секојдневно е достапна на социјалните мрежи и споделува фотографии и сториња од нејзините најразлични стајлинзи.
Од фотографиите може да се забележи дека Спенџарска секогаш зрачи со својата убавина, насмевка, но и со позитивната енергија која е неизоставен дел од нејзиното секојдневие.
Овој пат Спенџарска на својот Инстаграм профил сподели моќна порака со своите фанови.
„Оние кои живеат во тегла мислат дека капачето е небо!“, напиша Спенџарска.