Летото ми е создадено за слобода, за забава, за уживање но и за делење совети по другарките кои, како некое непишано правило, секогаш имаат некои проблеми со партнерите баш овој период И горе-доле, секогаш е едно исто, истакна водителката Јелена Спенџарска на својот Инстаграм профил.
„Овој е еден живот кој ни е даден да си го направиме преубав и ако се пронајдете во моите зборови – ве молам, спасете се на време !!! За ВАС!
Знаци на токсична врска:
Премногу те сакам.
Те сакам толку многу што ќе те изолирам од сите други кои те сакаат и ќе ме имаш само мене.
Премногу те сакам.
Толку многу ….ама не ти верувам.
Те сакам ама од некоја причина не си верувам ни себе си.
Те сакам но и се плашам од тебе.
Те сакам но и не можам да зборувам со тебе.
Те сакам но не можам да ти ја кажам вистината.
Те сакам но ти точно знаеш како да ме повредиш.
Те сакам но и ќе те критикувам. Сакам да те направам подобра.
Те сакам но мислам дека ти ме сакаш само кога се расправаме. Потребно е да се расправаме за да знам дека многу ти значам.
Те сакам и ќе заборавам се што ми е битно мене и ќе ги правиме само работите кои ти се битни тебе.
Те сакам и преуморна сум од тоа.
Те сакам и премногу сум бесна што не ме правиш среќна“, посочи Спенџарска.