Сораја Вучелиќ Масони, е една од оние што кренаа најголема прашина на балканската јавна сцена.
Ја поврзуваа со многу домашни, но и странски познати момци, ја обвинија дека практикува најстар занает. Времето што го помина во Црна Гора мудро го искористи и се омажи за богат бизнисмен од Холандија, а сега живее со него во Москва.
– Партнерот ме принудува да родам бебе, тој постојано го спомнува родителството, смета дека е време и дека треба да родам. Јас лично, секако, сакам деца, но не сум подготвена, открива Сораја, чиј живот отсекогаш ги заинтригрирал медиумите и нејзините бројни обожаватели, па објаснила дека е сè уште незрела да биде мајка.
– Сè уште сум детски во главата! Едноставно, не сум подготвена, ќе дојде време и за тоа – вели сексапилната бринета.
Таа живее на релација Русија-Холандија веќе неколку години, а во моментов, поради моменталната состојба со коронавирусот, таа е разделена од нејзиниот партнер и престојува во Црна Гора, додека тој е во Москва.
– Мојот сегашен живот е сосема поинаков од поранешниот во Белград. Тој е посериозен, но и јас станав сериозна, посочила Сораја.