Сопругата на Том Хенкс испрати моќна порака до целиот свет, откако беше пуштена од болницата во која се лечеше од коронавирусот

Покрај видеото кое што го објавила, Рита Вилсон има моќна порака до сите нас.

Холивудската ѕвезда Том Хенкс и неговата сопруга, актерка и пејачка Рита Вилсон, пуштени се од болницата откако дознале дека се заразени од коронавирусот, но и понатаму се во карантин.

Популарниот актер е првата јавна личност која откри дека е позитивна на Ковид-19, а тој и неговата сопруга беа заразени во Австралија каде што Хенкс снимаше биогравски филм за Елвис Присли.

Двајцата по неколку денови биле пуштени од болница, но и понатаму се наѓаат во самоизолација.

Бидејќи и двајцата се огласуваа на социјалната мрежа Инстаграм и во текот на изолацијата во болница каде што ги известуваа своите фанови за нивната здравствена состојба, Рита се огласи и по доаѓањето дома.

Пејачката и актерка објавила видео на кое ја пее својата песна „Broken Man“, а покрај тоа имала и моќна порака до сите луѓе ширум светот.


„Луѓето не се совршени. Мораш да ги сакаш и покрај нивните доблести и маани“ – напишала таа.

Инаку, Том Хенкс бил прв пуштен од болницата, а сега и неговата сопруга. И додека престојуваа во австралијанската болница тие не го губеа нивниот позитивен дух, а во објавите на социјалните мрежи апелираа до фановите да бидат свесни и да ги слушаат советите од експертите во текот на оваа глобална пандемија – коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e