Денес во 67-та година од својот живот во сообраќајна несреќа настрада познатиот српски пејач и крал на народната музика Шабан Шаулиќ. Човекот со кој бројни балканци, тука и низ светот, се веселеа, славеа, тагуваа, љубеа… зад себе остави големо семејство во кое со децении ги делеше своите подеми и падови. На чело на семејството е сопругата Гоца која пејачот ја обожаваше.
Како што пренесува српски Информер сопругата на Шабан цело утро се обидувала да го добие пејачот на телефон, бидејќи веќе требало да биде на аеродром. Сопругата Гордана му телефонирала за да го пречекаат во Белград по настапот, но бил недостапен.
На семејството за страшната и кобна сообраќајка им соопштил нивниот кум кој рекол дека пејачот доживеал сообраќајка и дека бил префрлен во болница, а подоцна и дека срцето го издало.