Софија Вергара призна дека нејзиното тело и градите биле нејзиниот „билет“ за светот на славните, но дека ликот ја одржувал на сцената долги години.
Актерката се присети на почетокот на кариерата и на времето кога беше модел, а целата заслуга за нејзината светска слава ја припишува на нејзиниот добар изглед.
“Моите големи гради и тело ми ги отворија вратите. Тоа беше мојот билет за светот кога имав 20 години и почнав како модел, но денес имам 51 година и сè уште сум тука”, рече таа.
Сепак, иако е искрена за фактот дека нејзиниот изглед ѝ помогнал да стигне до светот на славните, таа смета дека нејзиниот лик сепак ја задржал на сцената.
„Има поубави и помлади жени, кои имаат поголеми гради и подобро тело од мене, но јас сум сепак тука бидејќи покажав дека можам“, додаде таа.
Вергара истакна дека проблемот на другите е што ги гледаат само нејзините гради, а не талентот што го има.