Ѕвездата на „Модерно семејство“, Софија Вергара, е на врвот на листата на „Форбс“ за најплатена актерка на светот во годината кога кината паднаа во криза, пренесува „Форбс“.
Вергара, која моментално е судија во шоуто „Америка има талент“, заработила неверојатни 43 милиони долари во последните 12 месеци.
Колумбијката (48) заработувала 500.000 долари по епизода во последната сезона на „Модерно семејство“, добитник на Еми, кој престана да се снима на почетокот на оваа година.
„Форбс“ процениле дека ќе заработи ‘барем 10 милиони долари по сезона“, за „AGT“, едно од најпопуларните натпреварувачки емисии во САД.
Пандемијата на коронавирусот го парализираше Холвуд, присилувајќи запирање на продукциите и затворање на кината, па снимањето на многу високобуџетни филмови е одложено.
Оскаровката Анџелина Џоли е на второто место на листата на „Форбс“, со 35 милиони долари. Актерката која најмногу заработува од телевизија или стриминг сервисите, се наоѓа на врвот.