На петти август 1962 година, светот ги дозна ужасните вести – секс симболот и најголемата актерска ѕвезда на тоа време, Мерилин Монро почина како последица на предозирање со лекови.
Познато е дека во времето кое што ѝ претходело на нејзината смрт, која што е оценета како самоубиство, Мерилин патела од ментално пореметување и дека била зависна од лекови.
Но, фотографиите кои што биле објавени по нејзината смрт биле многу сомнителни. Се појавиле неколку теории, а најпопуларната е таа дека на тој кобен петти август во станот на Мерилин била пронајдена друга актерка која што многу личела на Мерилин, пренесува „BrightSide“.
Наводно на таа актерка во телото ѝ била пронајдена смртоносна доза на лекови, па дополнително била пренесена во станот на Мерилин за да се лажира смртта на ѕвездата.
Според истата теорија, вистинската Мерилин Монро била опиена со седативи и луѓето на Кенеди ја пренеле во Швајцарија каде што била сместена во приватна клиника..
Таму го запознала д-р Лоб, вдовец кој што имал тројца синови, а по лечењето се венчале и останала да живее во Швајцарија.
Во 70-те години Лоб починал, а Мерилин наводно се уште е жива, во добра здравствена состојба и ужива во мирната старост опкружена со внуците, односно со децата на своите посвоени синови.
Најголемиот проблем кај оваа теорија е што не постои ниту еден доказ кој што би можел да укаже дека овие информации се точни.