Шварценегер после долги десет години официјално се разведе

Славниот глумец Арнолд Шварценегер после долги десет години официјално стави крај на својот брак со сопругата Марија Шривер.

Мариа документите за развод ги предала уште во 2011 година, откако после 25 години брак дознала дека Арнолд имал вонбрачна афера и дете со куќната помошничка Милдред Баен.

Глумецот го криел синот цели 15 години, додека Милдред тврдела дека таткото на детето е нејзиниот поранешен сопруг Рохелио.

Веста се раширила низ цел свет, а поранешниот гувернер на Калифорнија беше главна тема на насловните страни.

Арнолд и Мариа одлучиле да се разведат во тишина, но траело подолго отколку што очекувале. Иако информациите биле строго доверливи, се дозна дека главната причина била недостаток на мотивација, но и тоа што не можеле да се договорат за распределба на богатството.

Голема е веројатноста е дека парот, проценетите 400 милиони долари ќе ги поделат на пола.

Поранешните сопружници се венчале во 1986 година и имаат четири деца. Веќе одамна живеат разделено, а глумецот во 2012 година ја најде среќата со Хедер Милиген.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e