Американскиот актер Арнолд Шварценегер синоќа доживеа сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, потврди неговиот портпарол.
Едно лице е полесно повредено во судир на четири возила, соопшти полицијата во Лос Анџелес.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат голем теренец на покривот на најмалку два автомобили на раскрсницата на Брентвуд и Шварценегер, кој стои во близина, пренесе Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека никој не е уапсен и исклучува присуство на алкохол или дрога меѓу учесниците, пренесе Танјуг.