Ваква посвета… Ова е премногу за моето мало срце“, напиша Шакира на објавата на Инстаграм. Нејзините родители го посетиле местото каде што се наоѓа статуата, а поводот уште повеќе го направил тоа што мајката на Шакира, Нидија, тој ден го прославувала роденденот.
„Среќна сум што можам да го споделам ова со моите родители и особено со мајка ми на нејзиниот роденден“, напиша пејачката. За време на откривањето на статуата, им се придружија градоначалникот и браќата и сестрите на Шакира.
Статуата го прикажува препознатливиот стомачен танц на Шакира, во бикини и долго лелеаво здолниште. Пред статуата има и плоча со детали на шпански. Како што пишува, статуата е изработена од бронза и е висока шест и пол метри. На долниот раб на здолништето има набори кои ги симболизираат брановите на морето и реките.
Статуата е создадена од уметникот Вино Маркес со помош на студенти од уметничкото училиште. „Срце што компонира, колкови што не лажат, талент неспоредлив, глас што ги движи масите и боси нозе што чекорат за доброто на детството и хуманоста“, е реченицата што стои на врвот на плочата.